Како да применам ваучер за eSIM на мојата сметка?

Кога ќе се примени, ваучерот за eSIM додава конкретен пакет со eSIM на вашата сметка. Потоа може да го користите како секој друг пакет со eSIM што сте го купиле. Ваучерот за eSIM може да го примените на вашата сметка во неколку лесни чекори.

Како да применам ваучер за eSIM?

Tреба да сте најавени на вашата сметка за да примените ваучер за eSIM.

Ако ја користите апликацијата или веб-страницата на Airalo на мобилен уред, следете ги следниве чекори за да примените ваучер за eSIM.

  1. Одете на Профил > Airmoney и членство.
  2. Допрете Активирајте го ваучерот.
  3. Внесете го кодот за ваучер.
  4. Допрете Активирај.

Ако ја користите веб-страницата на Airalo на компјутер, следете ги следниве чекори за да примените ваучер за eSIM.

  1. Кликнете на името на профилот во горната навигациската лента.
  2. Изберете Airmoney и членство.
  3. Кликнете Активирајте го ваучерот.
  4. Внесете го кодот за ваучер.
  5. Кликнете Активирај.

Откако ќе ги завршите чекорите за применување на ваучерот, ќе се појави порака дека ваучерот за eSIM е успешно активиран. Тогаш може да почнете да ја користите eSIM-картичката.

Како да ја користам eSIM-картичката што ја добив со мојот ваучер?

Откако eSIM-картичката ќе се додаде на вашата сметка, до неа може да пристапите од Мои eSIM-картички

  1. Одете на Мои eSIM-картички.
  2. Најдете ја eSIM-картичката што ја додадовте на сметката.
  3. Допрете Детали.

Таму ќе најдете упатства како да ја инсталирате и користите вашата eSIM-картичка. Следете ги упатствата за да се поврзете.

Ако имате уште прашања или ако ви треба помош, слободно обратете ни се. Нашиот тим за поддршка е достапен деноноќно и секогаш со задоволство ќе ви помогне.

Поврзани прашања

Други теми

Авторски права Airalo © 2021
  • x