Што се тоа обновувања и како функционираат?

Со обновувањата, Airalo нуди можност за автоматско надополнување на вашата eSIM-картичка кога ќе ви снема мобилен интернет. Во моментов, достапни се обновувања за следниве eSIM-картички:

  • Discover (глобални)
  • Discover+ (глобални)

Како функционираат обновувањата?

Обновувањата може да ги вклучувате и исклучувате според потребата.

Кога се овозможени, пакетот со eSIM што моментално го користите се обновува автоматски кога ќе ви снема мобилен интернет. Ова значи дека ако сте купиле пакет со eSIM од 1 GB – 7 дена, секое обновување ќе вклучува мобилен интернет од 1 GB со важност од 7 дена.

  • Вашето обновување ќе се купи кога ќе имате уште 10 % мобилен интернет.
  • Пакетот за обновување ќе се активира кога ќе ви снема мобилен интернет.

Имајте предвид дека мора активно да користите eSIM-картичка за да користите обновувања. Не може да овозможите обновувања ако мобилниот интернет на вашата eSIM-картичка веќе е потрошен или ако периодот на важност на вашиот пакет е завршен.

Како да вклучам обновувања?

Откако ќе купите eSIM-картичка, може да вклучите обновувања на следниов начин:

  1. Одете на Мои eSIM-картички > ДЕТАЛИ за соодветната eSIM-картичка.
  2. Лизгајте до делот ОБНОВУВАЊА.
  3. Овозможете го преклопникот за да прикажува ВКЛУЧЕНО.

Кога ќе сакате да ги исклучите обновувањата, оневозможете го преклопникот за да прикажува ИСКЛУЧЕНО.

Што ако мојот период на важност заврши пред да искористам доволно мобилен интернет?

Вашиот пакет нема да се обнови ако периодот на важност заврши пред да се искористи доволно мобилен интернет. Во овој случај, обновувањата ќе се исклучат автоматски.

Што ако мојот пакет вклучува повици и пораки?

Ако користите пакет што вклучува повици и пораки, тој ќе се обнови само ако сте искористиле доволно мобилен интернет. Пакетот за обновување ќе вклучува повици и пораки.

Како да платам за обновувањата?

За да користите обновувања, треба да имате зачувано картичка за плаќања. Имајте предвид дека не може да користите Airmoney, Apple Pay и PayPal за да платите за обновувањата.

Ако зачуваната картичка истекува наскоро, ќе ви испраќаме известувања да ја ажурирате картичка за да може да останете поврзани.

Ако плаќањето за обновување не може да се обработи, вашиот пакет нема да се обнови и нема да ви се наплати.

Ако имате дополнителни прашања или ако ви треба помош, не двоумете се да контактирате со нас. Нашиот тим за поддршка е достапен деноноќно и секогаш со задоволство ќе ви помогне.

Поврзани прашања

Други теми

Авторски права Airalo © 2021
  • x