Кога станува збор за eSIM-картички, нема подобра од Airalo. Основана во 2019 година, Airalo е првата продавница за eSIM-картички во светот и остана најголема до денес. Со стотици илјади корисници, десетици илјади рецензии и стотици покриени земји и региони, ние сме местото за најдобрите планови за eSIM-картички. Прочитајте за да дознаете зошто корисниците ги сакаат eSIM-картичките на Airalo!
Зошто eSIM-картички?
Замислете си го ова: имате сосема нов телефон и сега треба да отидете до вашата локална продавница за да поставите локален план за мобилен интернет со физичка SIM-картичка. Одзема време, нели? Што ако може да пристапите до таа продавница од удобноста на вашиот дом и од само еден уред?
Тоа е решението што ние го смисливме. Опцијата за преземање планови за мобилен интернет секогаш (и секаде) прави поврзувањето да биде полесно, поприфатливо и поодржливо – три работи со кои може да се согласиме!
Што е тоа eSIM-картичка?
„eSIM“ на англиски е скратено за „Вграден модул за идентитет на претплатник“. За разлика од физичката SIM-картичка, вградените SIM-картички се вградени директно во вашиот уред. Ова значи дека имате слобода да преземате планови за мобилен интернет и да менувате оператори, сето тоа од апликацијата Airalo.
Еве некои од придобивките од користењето eSIM-картичка наместо физичка SIM-картичка:
- Преземете го планот преку QR-код
- Задржете ја примарната линија, а пристапувајте до мобилен интернет преку вашата eSIM-картичка
- Врзувајте мобилен интернет од вашата eSIM-картичка на други уреди
- Зачувајте повеќе eSIM-картички на вашиот телефон за лесен пристап (во зависност од уредот)
- Именувајте ги и организирајте ги eSIM-картичките со приспособени етикети
- Избегнете трошоци за роаминг — сите eSIM-картички на Airalo се припејд и поддржани од локални мрежи
Дознајте дали вашиот уред поддржува eSIM-картички
Не знаете дали вашиот уред ќе поддржува eSIM-картичка? Следете ги овие чекори за да дознаете.
1. Проверете дали вашиот уред е овозможен за eSIM-картички
За да дознаете дали имате телефон што е компатибилен со eSIM-картички, може да го проверите нашиот список со уреди што поддржуваат eSIM-картички. Иако повеќето сегашни уреди Apple и уреди со Android поддржуваат eSIM-картички, имајте предвид дека некои земји и мрежи може да ја ограничат употребата на eSIM-картичките.
Ако моделот на вашиот телефон или вашиот уред не е спомнат во нашиот список, може да го проверите IMEI (Меѓународен идентитет на мобилна опрема) на уредот, којшто може да го најдете во поставките на уредот. Ако вашиот телефон е овозможен за eSIM-картички, треба да видите „eSIM“, „Поддршка за eSIM“ или „Виртуелна SIM-картичка“ покрај вашиот IMEI.
2. Проверете дали вашиот телефонот е отклучен
За да користите eSIM-картички, вашиот телефон треба да е отклучен за секоја мрежа. Кај повеќето мрежи, ова значи целосно поседување на телефонот и можност за додавање, заменување и отстранување SIM-картички без ограничување. Ако не знаете дали вашиот уред е отклучен, може да контактирате со мобилниот оператор за да го дознаете неговиот статус.
Придобивките од користење eSIM-картичка
Пристапот до мобилен интернет кога сте во движење е идеално за секоја ситуација. Еве неколку од придобивките што нашите корисници постојано ги споделуваат со нас (и зошто мислат дека Airalo ги има најдобрите планови за eSIM!).
Моментално поврзување
Речиси сите наши корисници се согласуваат дека моменталното поврзување е најдоброто нешто што постои. Како што вели еден од нашите корисници, Dr. Jolin:
Може да патувате во далечна земја каде што би потрошиле стотици долари на интернет преку роаминг ИЛИ може да ја преземете оваа апликација, да преземете eSIM и да активирате интернет преку локален оператор за мобилен интернет за само неколку минути по цена од две кафиња!
Времето на вашиот одмор или службено патување е драгоцено, а последното нешто што сакате да го правите е да трошите време обидувајќи се да поставите физичка SIM-картичка. Вградената SIM-картичка може брзо и лесно да ја преземете, инсталирате и да се поврзете.
Глобална покриеност
Добиваме многу рецензии од искусни патници коишто се префрлаат на технологијата за eSIM-картички. Еден корисник, BCGregory, вели:
Патував низ светот неколку години и бев во 45 земји. Airalo е најлесната, најкорисната и најисплатливата опција за патување во странство што ја имам најдено досега.
Со планови за стотици земји и региони, Airalo ги има најдобрите eSIM-картички за честите патници. Сè што ви треба е еден телефон со поддршка за eSIM-картички за да пристапите до сите нив.
Ова е олеснето уште повеќе со нашите регионални и глобални планови. На пример, ако патувате низ Европа, може да останете поврзани во повеќе земји со мобилен интернет што доаѓа од една eSIM-картичка!
Прифатливо и транспарентно
Тема што се повторува во рецензиите за нас е дека eSIM-картичките се прифатлива алтернатива на роамингот од домашната мрежа. David Schouten ни вели:
Ја користев eSIM-картичката неколкупати и сум презадоволен. Дури ја користев неколкупати и на крајот на месецот, откако го потрошив мобилниот интернет од мојот редовен оператор и поевтино ми е да купам неколку MB преку Airalo отколку преку мојот оператор.
Тоа доволно кажува! Кога вашиот домашен оператор ви нуди покриеност со мобилен интернет во друга земја, обично се наплаќаат највисоки цени. Дневните планови за роаминг ќе ве чинат од 10 USD до 15 USD дневно, а тоа е над 70 USD неделно. Плановите на Airalo започнуваат од 5 USD за 7-дневен план. Нам тоа ни звучи како подобра понуда!
Деноноќна поддршка
Бидејќи Airalo е глобална организација којашто се протега на повеќе земји и континенти, имаме тим за поддршка што работи деноноќно. Еве што има да каже Levy Borromeo:
Имав одлично искуство со моето прашање поради брзите одговори, деталните и корисни објаснувања, а мојот проблем беше брзо решен. Исто така, почувствував дека го имате клиентот на ум во текот на процесот. Одлично искуство во целина и многу сум задоволен од производот.
Знаеме дека секој не е експерт за eSIM-картички, па наш најголем приоритет е да се погрижиме да бидеме достапни за да ве водиме и поддржуваме во текот на овој процес. Има неколку начини како да стапите во контакт со нашиот тим за поддршка, вклучувајќи е-пошта, друштвени медиуми и функцијата за разговор во апликацијата Airalo.
Би сакале да слушнеме како Airalo го промени вашето искуство при патувањето! Оставете ни рецензија во App Store или Google Play.