Да се биде придружен партнер на Airalo значи дека сте влијателно лице на друштвените мрежи или креатор на содржина, којшто може да помогне во промовирањето на брендот Airalo и eSIM-картичките кај своите следачи. Без разлика на вашите следачи, делот од пазарот или платформата, ќе ни биде мило да поразговараме и да дознаеме повеќе за вашиот бренд за да видиме дали меѓусебно си одговараме.
Можеби сте добар избор за придружен партнер на Airalo ако:
- имате свој блог со читатели заинтересирани за патување и/или технологија
- сте креатор на содржина со следачи коишто би можеле да имаат корист од нашите eSIM-картички
- сте веб-локација за eSIM, технолошки трендови или откривање/споредување
- имате онлајн бизнис чии корисници/клиенти можеби ќе бидат заинтересирани за патување
Преку партнерството со Airalo, ќе им го понудите најдоброто решение за eSIM на вашите корисници, овозможено од најголемата компанија за eSIM-картички во светот. Тие ќе ви бидат благодарни што ќе им помогнете да заштедат на трошоците за поврзување
- Тим за деноноќна поддршка и однапред создадени средства за бренд што може да ги користите
- Заработете атрактивни провизии така што ќе им препорачате да купат eSIM-картички на вашите читатели, следачи, посетители на веб-локацијата или клиенти на Airalo
Ако барате друга опција за партнерство или ако само ви треба објаснување за постојната опција за партнерство, пишете ни на [email protected] и ние ќе стапиме во контакт со вас.